Бидејќи обичната јавност никогаш не беше соодветно соочена со некои историски факти, се роди идејата за создавање на мрежнава страница, којашто ќе известува за древниот народ наречен Венети (Венди).

Мрежната страница Veneti.info е замислена да дејствува како Венетолошко средиште, обидувајќи се да претстави што повеќе новости, а освен тоа да придонесе за обединето претставување на венетолозите на установно рамниште (статиите ќе бидат објавувани на словенечки и дополнително преведувани на различни јазици). Следствено, за такво достигнување ќе ни бидат неопходни многу стручно знаење и соработка. За несреќа, сите ние имаме различни занимања, па затоа бараме помош при уредувањето и создавањето на материјалите (историчари, јазичари, археолози, преведувачи...). Покрај ова, нашата страница нема да е политички пристрасна или благонаклонета. Статиите ќе се обидат да докажат дека употребата на топонимастиката (истражувања за местата и имињата) може да биде еден од најверодостојните начини за историските истражувања. Една друга идеја ќе биде развиена: ќе изучуваме странски јазици преку напреден метод, врз основ на заедничките јазични корени, со намера да ги усовршиме наставно-образовните квалитети. Нашата цел, исто така е да собереме свежа стручна помош, како долгорочна стратегија во стекнување целосна установна поткрепа.

Роберт Петрич

Наместо заклучок, ќе цитирам еден научник: „Моите колеги (научници) по ништо не се разликуваат од останатите луѓе – некои се посветени, други безочни, трети проникливи, а некои се здодевни. Само времето ќе покаже кој би можел да се класира во ...

ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ ОД СИТЕ ЗЕМЈИ, РАЗМИСЛУВАЈТЕ И РАСУДУВАЈТЕ!