Намерата на нашиов Проект е да врши истражувања за древните Венети. Мрежнава страница е создадена со цел да претставува образовно и информативно средиште за сите возрасти. Првенствена цел ни е да ги поттикнеме студентите, наставниците и другите истражувачи, да ги проучуваат овие древни цивилизации. За да се оствари ова, мораше да постои една суштествена основна замисла. Таа ги вклучува пишувањето статии во различни стилови (критички, научно-популарно, колумни, осврти...), предавања во училиштата и културните установи, приказ на документи на посебни научни работилници, а исто така и поддршка и помагање на истражувачки дејности во оваа насока. Бидејќи Veneti.info е отворен проект, ги охрабруваме сите да ни се приклучат во тимот (соработка).
 
Нашиот слоган:
Да го дадеме најдоброто, за да ја направиме историјата подобро место за сите!
Искрено Ваш
Роберт Петрич, уредник на Veneti.info
Превод: Горан Костадинов
Одржување лекции за Венетите

mt_ignoreПорачајте лекција
mt_ignoreДостапни теми
mt_ignoreУпатства за училиштата

Венетите во голема мера се непознаница за многумина луѓе, бидејќи истите не се вклучени во ниту една наставна програма во училиштата. Затоа решивме да понудиме можност за одржување лекции на тема Венети. Можеме да изготвиме разговори, визуелно потпомогнати со програмата Powepoint а проследени со расправа. Некои од нашите веќе одржани предавања (Предавање во Ново Место 01/02/07, Предавање во Идрија 11/05/07 ...) потврдуваат дека се движиме по вистинскиот пат.

Достапни теми
Организаторот може да избира помеѓу овие теми (истите можат да се спојат во една лекција):

  • Венетите и нивната историска заднина,
  • Венетските натписи и нивната јазична основа,
  • Венетите и нивната култура,
  • Венетите и нивниот археолошки и генетски аспект,
  • Венетите и нивната поврзаност со современите словенски народи,
    како и другите соседни народи.

Упатства за училиштата или за други организатори

  1. Како што прочитавте погоре постојат изборни теми од кои можете да одберете. Штом ќе се одлучите, сврзете се со нас за да ги уточниме подробностите. Вообичаено лекциите се одржуваат вон училишниот распоред, (освен ако вие самите не организирате предавање во рамките на распоредот) за ние да имаме повеќе можност успешно да го утврдиме точното време.
  2. Им се препорачува на наставниците да ги подготват учениците за темата. Пожелно е да има расправа во текот на лекцијата. Вие ќе не известите дали сакате само да слушате, да водиме расправа или двете заедно, за претходно да изготвиме дневен ред.
  3. Потребно е да си обезбедите бележник и проектор, за да добивате нагледна помош преку Powerpoint програмата.
  4. Нашиот труд е доброволен и бесплатен. Ако сакате, можете да дадете прилог за покривање на трошоците за материјалите.

* Засега предавањата се оддржуваат единствено во Словенија. Но, во иднина, ако постои интерес и во Македонија, со задоволство ќе се одгласиме на поканата.

Кратка историја за Veneti.info страницата

Veneti.info страницата беше промовирана како повеќејазичен проект, во јуни 2005 год. Во почетокот започнавме заеднички со Origin project, но подоцна се разделивме во две различни страници. Нашиот труд постепено стануваше забележливо истражувачко движење, ослободено од секакви друштвени бариери и претставуваше еден вид револуција во историјата.
 
 
                                          Јуни 2005: првата и опростена страница со неколку статии.  
mt_ignore
 Првото лого на страницата
 
Септември 2006: страницата се збогати со повеќејазични содржини. Воведот беше преведен на 25 јазици. 
mt_ignore
Логото на страницата од септември 2006 до Април 2007

Април 2007: Veneti.info се пренасочи од стариот HTML кон новиот CMS систем, користејќи нови својства, како гласило, календар со настани, итн. Бројот на статии се зголемуваше постојано.
mt_ignore
Логото на страницата од Април 2007 до Март 2008 

Март 2008: менито и структурата на страницава беа прилагодени кон новите потреби и побарувања. Идејата беше да се создаде што попрофесионална и поприкладна мрежна страница.
mt_ignore
Тековното лого

 Октомври 2009: веб-сајтот на системот и дефиниција беа модернизирани.