На македонската ТВ Канал 5, имаше емисија насловена: Венетите, еден од најстарите европски народи. Емисијата беше емитувана на 7 март, петок, 2008 година.

Во ноември 2007 бев поканет да гостувам во доцното Late night Show, ток-шоу уредувано од водителот Миленко Неделковски. Го закажавме датумот на пристигнување и снимање на емисијата. Како што ми имаше кажано г-дин Неделковски, тој добил писма од негови гледачи, кои му укажале за Венетите и за нашата мрежна страница. Темата му се сторила занимлива за неговата емисија. А всушност нашата основна цел е да ги информираме луѓето за историјата на Венетите и да откриеме досега непознати нешта од древната историја. За водител, којшто не е историчар, сигурно е предизвик да води емисија за древните и малку познати култури, па затоа беше неопходно да прочита нешто на темата, пред почетокот на снимањето.

 


Robert Petrič on Curtas "The Making of the Slavs"

 

Беше недела кога пристигнав во Скопје, за да ја снимиме емисијата. Во хотелот се сретнавме со Аристотел Тентов, истражувач, којшто работи на проектот за дешифрирање на Натписот од Розетскиот камен. По една пријатна расправа, отидовме во студиото на ТВ. Канал 5. Професорот Матјаж Анжур, словенечки историчар, исто така беше присутен, за да обави интервју. Така што, македонските гледачи се стекнаа со интересни новости за и околу Венетите.

 


Матјаж Анжур

Огромни срдечни поздрави до сите Македонци!