Бакарната книга е пронајдена на етнографската територија на Македонија. Во мигов, најзначајно е тоашто книгата е документирана и ставена пред видокругот на странската и домашната јавност. Во книгата се откриваат писмени знаци кои се исти со знаците од карпестата уметност. Тој факт, книгата ја чини ексклузивна. Писмените знаци што ги содржи книгава, не се откриени во ниту еден, стар писмен систем. Луѓе од различни стручни области, класични филозофи, проучувачи на стари ракописи, биле вклучени во овој тежок, но благороден проект. 
 
 

Откако се исцртани сите писмени облици на мајлер хартија, забележани се неколку зборови на македонски јазик и писмо: богат, богатство, премудрост, злато. Од овие причини се формира меѓународно тело, на чело со најдобриот германски палеолингвист, акад. проф. д-р. Хералд Харман, којшто има напишано над 700 трудови на темава. Само да го споменемо неговото дело, за кое ја добил најголемата европска награда од областа на културата „Раната цивилизација и писменост на Европа“, со особен осврт на средоземноморскиот свет (Early civilization and literacy in Europe - An Inquiry into Cultural Continuity In the Mediterranean World, edit. Mouton de Gruyter-Berlin-New York 1996).

 


 Зелена гранка од старото дрво, наречена македонска и светска писменост.

 


   Букви од старомакедонското писмо.

 

Член на тимот беше и Јоан Марлер од институтот „Марија Гимбутас“ од Лос Анѓелес,САД. Понатаму, во тимот се и акад. д-р Марко Мерлини од Рим, во соработка со италијанската академија на науките и уметностите, кои ќе извршат анализа на латинското писмо во книгата, како и акад. проф. д-р Мајеед Кан од саудиска Арабија, стручник за палеолингвистика и претседавач на сите заседанија на Светскиот сојуз за карпеста уметност, од областа на писменоста.

Но, да се вратиме на книгата. Во книгата сретнуваме латински зборови, неколку грчки и мноштво старомакедонски знаци. Се сретнува запис за древниот Александар и неговиот историчар Клитарх, се забележува областа Тракија, името Бизалти, ги среќаваме зборовите antrium-пештера, bustum-гроб, cxarta-книга, ver-пролет, baluch-златен песок, ametxsctis-скапоцен камен, citatus-брз, ludus-игра, celariolum-мала просторија, lak't semita-млечен пат и други. Се сретнува и името Роксана. Knjiga zavrshava za rechima inteligenti pausa, nad kojim rechima je iscrtana zmija sa izdolzenim jezikom a odma iznad nje crtez kljucha.
 
 

Во книгата постојат зборови, коишто за прв пат се среќаваат, а имаат сличност со знаците откриени на карпите и камењата во Македонија. Тоа се крстови во чии агли сретнуваме точка во едниот агол, точка во двата агли, две точки во аглите од десната страна, две точки во аглите од левата страна, нешто што книгава ја прави исклучително важна, што ја потврдило претпоставката (тезата) дека писменоста во Македонија и во светот, произлегува непосредно од карпестата уметност. Писмениот знак, со број 4, во различните положби покрај карпестиот релјеф, го сретнуваме како писмен знак, во многу стари писмени системи. Полусвастиката се појавува како писмен знак во книгава, а познато е дека свастиката се појавува и во древните мозаици, ширум Македонија. Има и знаци, кои се исти со знаците од Винчи културата, а кои се стари повеќе илјади години. Сето ова се дознава од точните лабораториски мерења во институтот „Марија Гимбутас“. Постојат писмени знаци, кои се идентични со писмените знаци од линеарното А писмо, како и киприотската силабика. Книгата е од извонредно значение за македонското и световното наследство. Таа е една од зелените гранки на старото дрво, наречено светска писменост. Се потврди теоријата на Харман, дека Македонија е најзначајното културно и писмено светилиште на земјината топка. Според најновите истражувања на културното наследство на Југоисточна Европа и со примена на најсовремените методи, Марија Гимбутас, на цела научна јавност и прикажува дека писмените обичаи на Југоисточна Европа, се постари за 2000 години од оние во Месопотамија. Во една од нејзините книги, на самиот почеток, на сликата со птицата-божица, се сретнува писмен знак, којшто е ист со буквата, често среќавана во книгата. Марија Гамбутас, според лабораториските наоди, го класифицира овој артефакт 6000 год. Пред Христа, значи постар од 8000 години. Истиот знак може да се види на многу места во Македонија, како карпест релјеф. Некои знаци се мошне слични со оние од пештерата Шопско Рударе, Кратовско, изработени со црвена боја, за кои стручниците за карпеста уметност сметаат дека се од неолитско доба. Книгата открива и јазични тајни. Например, буквата што ја среќаваме во винчанскиот писмен систем, според Гамбутас, Харман и Мерлини, обликувана со вертикална црта и малечок квадрат во долниот дел, наликува на буквата Б. Ваков писмен облик во книгата, со ознака за буквата Б, се сретнуваат во зборовите: Bustum, Bisaltie и др. Се досега искажано, ја прави книгата ексклузивна и ја вбројува Македонија во строгото средиште на светските културни збиднувања.

 

Уште повеќе, книгава добива на значение, поради фактот што древните писмени обичаи на Југоисточна Европа, имаат своја најдолга традиција, токму во писмените системи на Македонија. Голем број писмени знаци, кои не се во составот на латинскиот јазик, а се користени во книгава, имаат сходство со винчанските писмени знаци, како и со линеарното А и киприотското слоговно писмо, само го потврдуваат фактот дека писмената традиција на територијата на Македонија, е долголетна и непрекинлива, токму како што потврдија Гимбутас и Харман. Истите недвосмислено докажаа, дека писмената традиција од Винча, продолжила во Македонија и по вториот милениум пред Христос, откако таа традиција, од познати причини, започнала да исчезнува од северниот дел на Балканот. Во вториот милениум пред Христос, на територијата на Македонија, блеска Пајонија, со сопствена култура, со своја престолнина Абидос, со силна војска и сопствено писмо.